Отец Ивица ТОДОРОВ
И пред нашите очи и пред нашиот ум се случуваат настани кои истовремено и не‘ заплашуваат и не‘ збунуваат! Многумина остануваат само уплашени и збунети, а малкумина продираат позади сцената од каде што и се‘ режираат настаните кои што секојдневно ги гледаме!
Но, кој е режисерот?
На ова прашање не може едноставно да се објасни затоа што не пости еден режисер, туку постои вековна агенда, вековен процес кој околу себе мобилизира луѓе кои тој ист процес го остваруваат во животот на овој свет и во животот на човештвото.
А која е целта на таа вековна агенда, на тој вековен процес, но и на луѓето кои одработуваат за истите?
Одговорот е едноставен! Целта на вековната агенда, на вековниот процес, а и на луѓето кои ги одработуваат е „ОСЛОБОДУВАЊЕ“ на овој свет и на човештвото од вистината за Бог, од вистината таква, каква што таа е‘, но и „ослободување“ од вистинската цел и смисла на нашиот живот во овој свет!
„ОСЛОБОДУВАЊЕ“/ “ЛИБЕРАЛИЗАМ”?!
Да, „ослободување“ или попознато, во поново време, како “либерализам”!Одработувачите на вековниот процес крајно лукаво и подмолно се маскираат со маската на добронамерноста и љубезноста за својата зла и уништувачка агенда да можат да ја внедрат во умовите и мозоците на несвесното, несовесното, збунетото, уплашеното, глупавото, огревовеното и острастеното човештво!
Тие, најстрашното зло го прикажуваат како симпатично и прифатливо „добро“, најотровната лага ја рекламираат како нужна „вистина“, најболниот пораз како славна „победа“, најподмолното ропство како вистинска “слобода”!
И сетоа тоа го прават за овој свет и човештвото да ги „ослободат“ од вистината за Бог и за вистината од Бог! Да, тоа што тие го нарекуваат „ослободување“ за автентичните христијани и за луѓето со силен ум и здрав мозок е ИСТИСНУВАЊЕ и УНИШТУВАЊЕ на вистината за Бог и за вистината од Бог од човештвото и од овој свет!
Како се‘ истиснува и како се‘ уништува вистината за Бог и вистината од Бог од човештвото и од овој свет?
Луѓето што го одработуваат горенаведениот вековен процес тоа го остваруваат на два начина. Едниот начин е пропагирањето на атеизмот и неговото оправдување и наметнување преку злоупотребата на науката, прилагоденото образование, злоупотребениот секуларизам и заробената „демократија“, а другиот начин е преку формирање на религиозни движења во и преку кои се пропагира претстава за некој си „бог“ која е карикатурална, лажна, насилна, тоталитарна, корумпирана, антибиблиска, сатанска!
Што се подразбира под заробена „демократија“?
Со сигурност демократијата не е баш најсовршеното општествено уредување, но, ако истата не е злоупотребена и заробена, таа во себе има потенцијал да го подигне квалитетот на живеење во некое општество или држава. Но за жал, одработувачите на вековниот процес ја одбраа баш демократијата за остварување на своите античовечки, безбожни, уништувачки и сатански цели! Тие ја заробија демократијата со тоа што истата ја користат како маска за своите цели да ги остваруваат на легитимен/ законски и од народот подржан процес.
Истите во разни политички партии внедруваат свои луѓе кои со нивна подршка брзо напредуваат во својата политичка кариера, и кога ќе биде потребно, тие го одработуваат она за што се и поставени! И така се подготвуваат и извршуваат разни настани кои човештвото го заплашуваат, збунуваат, ограбуваат, демотивираат, обесмислуваат, залажуваат, заглупуваат, уништуваат и демонизираат!
Дали само луѓе го одработуваат вековниот процес на истиснување на Бог, вистината и животот од човештвото?
Не! Луѓето, односно, нивните идеологии, структури и организации што одработуваат се‘ само проводници на духовните созданија кои во духовниот свет се обидоа да се „ОСЛОБОДАТ“ од Бог, од вистината и од животот. Тоа што тие не успеаа да го направат во духовниот свет, во Царството Божјо, истото се трудат да го направат во овој свет и во ова човештво!
—
„Па сепак, говориме мудрост меѓу совршените, но мудрост не од овој свет, ниту, од владетелите на овој свет, кои се минливи, туку говориме Божја мудрост, сокриена во таинство, која Бог ја предопределил за наша слава пред сите векови, која не ја спознал никој од владетелите на овој свет; зашто, ако ја беа спознале, немаше да Го распнат Господ на славата.
Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту до срцето на човек допрело, тоа Бог го приготвил за оние што Го љубат.“
А нам тоа Бог ни го откри преку Својот Дух, зашто Духот испитува сѐ, па дури и Божјите длабочини. Зашто, кој од луѓето знае што има во човекот, освен човечкиот дух што е во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Духот Божји. Но ние го примивме не духот од овој свет, туку Духот Кој е од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога; па тоа и го говориме не со зборови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: расудувајќи за духовното на духовен начин.
Телесниот човек не го прима она што е од Духот Божји: за него тоа е безумство; и не може да го разбере, зашто тоа се испитува духовно.
Духовниот, пак, испитува сѐ, а тој самиот од никого не е испитуван. Зашто, кој го спознал умот Господов, та да Го поучи? А ние имаме ум Христов.“
(1 Коринтјаните. 2, 6 – 16)
—
„Дури и ако е покриено нашето благовестие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат; за оние, на кои – богот од овој свет – им ги заслепил нивните неверни умови, за да не ги осветли светлината на благовестието за славата на Христос, Кој е образ на Бога.
Зашто ние не се проповедаме себеси, туку Господ Исус Христос, а себеси, заради Исус, се сметаме за ваши слуги.
Зашто Бог, Кој беше рекол светлината да блесне од темнината, Тој ги озари нашите срца, за познанието на Божјата слава да свети во лицето на Исус Христос.“
(2 Коринтјаните. 4, 3 – 7)
—
„А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, ве молиме, браќа, да не се поколебате лесно во својот ум, ниту да ве обзема ужас, било од дух, било од збор или од послание, небаре испратено од нас, дека божем веќе настапил Христовиот ден.
Никој да не ве измами на никаков начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта, кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за самиот да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себеси како Бог.
Зар не помните дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа? Сега знаете што го задржува да се открие во своето време. Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено додека не се оттргне оној што сега ја задржува; тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го истреби со појавата на Своето доаѓање. Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чуда, и со секакво неправедно измамување меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта кон вистината, та да се спасат. “
(2 Солуњаните. 2, 1 – 11)
ваш во Христа, брат и слуга, о. Ивица Т.