Отец Ивица ТОДОРОВ, ваш во Христа, брат и слуга

СЕКОЈ ОД НАС ЛИЧНО ИЗБИРА, или Христос и Антихристот, прашањето е сега!

Структурата што го подготвува доаѓањето на Антихристот ќе има скоро глобална моќ и огромни финансиски средства! Некои свесно, некои за пари, некои од страв и интерес, а некои несвесно и од глупост, ќе ѝ служат на оваа глобална структура! Истата, преку прилагоденото за неа законодавство и преку поставените од неа политичари и медиумски центри, ќе го обликува населението од државите што и се покориле во форми, насоки и вредности какви што таа ќе посака!

Луѓето, во тоа време, а тоа време е сега, ненормалното ќе го нарекуваат нормално, злото ќе го нарекуваат добро, болното ќе го нарекуваат здраво, лагата ќе ја нарекуваат вистина, чесното ќе го нарекуваат нечесно, сатанското ќе го доживуваат како Божјо!

И таквиот свет и таквото човештво забрзано ќе ја губат смислата на своето постоење! И затоа таквиот свет ќе биде повеќе смртољубив отколку животољубив!

И затоа Христос повторно ќе дојде, баш во моментот кога темнината ќе се обиде да ја загуши светлината!

„Но ова знај го: во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувај се!“ (2 Тимотеј. 3, 1 – 5)