Отец Ивица ТОДОРОВ
Духовно – моралниот распад на личноста, на бракот и семејството, на црквата, на општеството, на државата ЗАПОЧНУВА во моментот кога во нашиот ментален/ мисловен простор ќе го востоличиме своето ЕГО, себичност, пресметливост, комфор, самозадоволство…
Кога со своите ЕГО-МИСЛИ ќе ги оправдуваме своите ЕГО постапки, намери, мотиви, дела, зборови, идеи, верувања…
За жал, веќе поодамна во најголем процент од современите Македонци владее гореопишаниот ЕГО-ПРИНЦИП, а каде што владее истиот таму нема живот, напредок, благослов, радост, заедништво, ПРОСПЕРИТЕТ, туку владее СМРТ, таа загушлива, себична, подла, простачка, корумпирана, лажлива СМРТ!
Е, баш со таа и таква СМРТ, како со инфекција, денес се соочува овој народ македонски и затоа УМИРА на секој начин!
Има ли решение? Има, АМА треба да се победи ЕГОТО!
Ваш во Христа, брат и слуга, о. Ивица Т.