Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вечерва во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма изјави дека железничкото поврзување со соседна Бугарија најрано може да се очекува во 2027 година, откако ќе биде завршена изградбата на третата делница од пругата.
„Тунелот на железничката пруга со Бугарија ќе биде 5 километри, 2,5 на нашата страна и 2,5 км на бугарска. Само тој тунел чини 70 милиони евра. Бугарите работат на проект брза пруга и сакаат да се поврзат на овој Коридор 8 со нас. Третата делница, што чини преку 400 милиони евра од Крива Паланка до Деве Баир, според динамиката, треба да се гради 4 години. Нашите очекувања се дека ќе започне наредната година и до 2027 година да ја изградиме оваа трета делница“, рече Бочварски.