По примерот на хирурзите од Ниш, министерот за здравство Фатмир Меџити ќе се обиде да го скрати времето на чекање за операција, услуга за која понекогаш во јавното здравство се чека со месеци.
Тој денеска од од клиниката за трауматологија, ортопедија, реанимација и анестезија упати барање до сите хирурзи да го следат примерот на нивните колеги од болницата од Ниш каде со прекувремена работабеше намален списокот на чекање. Тој ги повика и македонските хирурзи да изведуваат операци за време на викендите без надомест, за да се намали листата на чекање за интервенции.
– Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица, рече денеска Меџити.
Од клиниката за трауматологија и ортопедија посочија дека за операција за колк се чека и четири месеци. Минатата година на клиниката успеале да го зголемат за прв пат буџетот за да се имплантираат 600-тини протези. Докторите веруваат дека и во иднина ќе се зголеми буџетот за да се направат повеќе операции и да се намали листата на чекање.