Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар може да го напушти францускиот клуб на лето 2020 година. Како што објави „АС“, тогаш во договорот на Бразилецот, можно е да се активира откупната клаузула во износ од 160 милиони евра.
Според изворот, Барселона, која е заинтересирана за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ ќе може да ја искористи оваа опција, секако доколку се сложи и Бразилецот.
За потсетување, Нејмар ја напуштил Барселона во 2017 година за 222 милиони евра.