И угостителите отпочнаа отпор кон грцизирањето на се што е македонско од страна на Владата на Зоран Заев.
Младен Јаневски на својот Твитер профил објави слика која, како што вели, му ја наполнила душата. Во менито на познатата кафеана „Старо буре“ наместо грчка салата стои „јужно-македонска“.
Македонците се повеќе и се погласно го искажуваат својот револт против договорот од Преспа и изнаоѓаат најразлични креативни начини за да пркосат на акцијата за отстранување на македонските симболи и имиња.
Порталот Инфомакс објави дека во нивната редакција пристигнала реакција и од велешката кафеана „Меаната на Даце“, каде придавката „грчка“ е пречкртана, а на нејзино место стои Егејска салата.
Деновиве во Битола граѓанин спроведе сопствена акција за враќање на избрусениот и оштетен симбол Сонцето од Кутлеш на стотина локации. Македонците се почесто, похрабро и погласно го изразуваат својот револт од промената на името на Македонија и бришењето на македонските симболи.