Никој од коалицискиот партнер од СДСМ не го удостоил на денешната промоција во почесен доктор на науки лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Промотивната свеченост на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) минала само со членови на Владата на Заев од редовите на ДУИ, собранискиот спикер Талат Џафери, претставници на албански организации и асоцијации, еден член на МАНУ, амбасадорот на Косово во Македонија, претставници на ИВЗ, и стотина други гости.
Меѓу поканетите не беа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, како и ниту еден член на кабинетите на Пендаровски и на Заев, од СДСМ или други партии од владината коалиција.
ДУИ, како што велат од партијата, испратил покани до Пендаровски, Заев, министри и други владини претставници.
Во ДУИ особено биле изненадени и поради тоа што на свеченоста во ДУТ не се појавила ниту министерката за образование Мила Царовска ниту пак испратила свој претставник.
Кои се причините за „бојкотот“ од коалициските партнери на ДУИ на почесниот доктор, засега остануваат само шпекулации.