На градскиот плоштад, покрај Домот на културата во Кичево, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во соработка со општина Кичево организираат отворен ден за граѓаните.
Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.
На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини од баталјонот за специјални сили и алпинистички вештини од страна на ренџерската единица и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.
Активноста ќе биде проследена од началникот на штаб во командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и претставници од локалната самоуправа.
Настанот во Кичево е последен од отворените денови за граѓаните кои се реализираа во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои се одбележаа 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Македонија во НАТО.
Фото: МИА Архива