Конечно го дочекавме почетокот на Мундијалот во Катар, каде што првиот меч се игра на стадионот „Ал Бајт“ од 17 часот меѓу домаќинот и Еквадор, а претходно се одржа церемонијата за отворањето на Светското првенство, кое се игра во необичен термин.

Домаќините им посакаа добредојде на гостите од целиот свет, кои ќе се борат за трофејот на најголемото светско натпреварување, а претходно се одржаа остантите манифестации, по што селекторите на Катар и Еквадор ги избраа борцит за денешниот натпревар.

Катар напаѓа во формација 3-4-3, и тоа со Ал Шеб на голот, Хасан Куки и Ал Рави во одбраната, по што во средниот ред од теренот следат Ахмед, Хатем, Будиаф и Педро Мигуел, а во нападот се Афиф, Алмоез и Ал Хејдос.

Еквадор ќе игра во формација 4-4-2, и тоа со Галиндез на голот, па Пресиадо, Торес, Хинкапи и Еступијан во одбраната. Во редот за врска се Плата, Мендез, Каисидо и Ибара Мина, додека во нападот се Естрада и Валенсија.