Не е важно какво е времето. Може да има невреме, дожд, магла или силно сонце. На децата не би требало тоа да им пречи оти на тој начин треба да се поврзат со природата, да стекнат имунитет и снаодливост.
За сето тоа се залага филозофијата на таканаречената шумска градинка, која во Пула ја отвори 30-годишната Франческа Миличеви, психолог и дадилка. Првите деца веќе се запишуваат во новата градинка Шумски деца. Во таа градинка децата цел ден ќе бидат надвор во шумата, а со тоа, вели Франческа Миличевиќ, таа сака да им го даде она што самата го доживеала кога била дете.
Чизмите се задолжителни
– Како изгледа денот во оваа градинка? Па најпрво се појадува, потоа одиме во шумата каде играме, истражуваме, собираме шумски плодови, правиме дрвени играчки, правиме куќи за животни, гнезда, одиме наизлет во оддалечениот дел од шумата. Сега, на пример, собираме и јадеме капини и децата уживаат во тоа, па дури и оние што тврдеа дека не им се допаѓаат. Целото време го поминуваме во шумата, а немаме подготвено специјална програма. Се зависи од интересите на децата тој ден, како ќе биде времето и што ќе се случи во шумата. Шумата е неисцрпен извор на доживувања, ги храни сетилата на сите нивоа. Најмалку треба да се грижите што децата ќе прават таму. Децата мора да имаат чизми, и секако, кога времето е лошо и мантили. После утринската игра во шумата одиме на ручек, а потоа децата одат на спиење. После тоа, повторно се упатуваме кон нашето игралиште – посочува Франческа Миличевиќ.
Сопствена градина
Во градинката нема пластични готови играчки, туку децата сами ќе ги направат. Исто така, ќе има своја градина со зеленчук и овошје.
– Шумата е неправилен терен и детето секогаш мора да биде претпазливо. Затоа, детето што оди по шума е во предност од она што оди по бетон. И имунитетот на децата кои поминуваат поголем дел од времето на отворено од оние кои се претежно во затворен простор е несомнено посилен. И тие прават многу работа со рацете “, истакнува Франческа Миличевиќ.
– Секако дека детето ќе падне, ќе се изгребе, ќе има и комарци и крлежи, но тоа не е опасно. Сето ова е добро за децата. Тука нема некои реални опасности.
Ана Узаревиќ, чиј четиригодишен син Максим е во шумската градинка, вели дека оваа градинка има позитивен ефект врз психата, снаодливоста, креативноста и имунитетот.
– Кога детето е надвор цел ден, природата има позитивен ефект врз него на неколку нивоа. Тоа го забележавме ова лето кога беше надвор со нас цел ден во камп. Се стопи со природата. Собираше растенија, стапови, се искачуваше по карпи. Се разбира, сè под надзор. И видовме дека станува се потрпелив, почна да ги распознава растенијата и добро напредува. Не се плашиме дека ќе се намокри или што било. Ова ќе го зајакне, вели мајката на момчето Ана, која додава дека неговата моторика одлично се развива и дека се заедно добро делува врз неговото расположение, спиење и креативност.