Шведската економија бележи пад од 8,3 отсто во второто тромесечие во однос на првото, иако Шведска промовираше отвореност во борбата со Ковид 19 со цел да се спречи намалување на економската активност на земјата.
Падот на БДП од 8,3 отсто е најголем од 1980 година.
Во првото тромесечие падот изнесуваше 0,2 отсто.
Сепак, Швеѓаните се тешат дека нивниот пад е помал во однос на другите држви. Така, во истот период, францскиот БДП е понизок за 13,8 отсто, италијанскиот за 12,4 отсто, а германскиот за 9,8 отсто. Најлошо помина Британија со минус од 20 отсто.