Кијану Ривс не е човек што многу зборува, но кога зборува, секој збор му е наместо.
Во петокот вечерта актерот се појави во шоуто на Стивен Колбер и ги презентираше остварувањата на кои работи, меѓутоа, во еден момент зборуваше за филозофијата и смртноста.
Откако Ривс го изнесе своето едноставно мислење за смртта, водителот молчеше 10 секунди.
Ривс го објасни заплетот на филмот Бил и Тед, во кој ако два светски лика не напишат песна тоа е крај на целиот универзум.
Водителот го праша Ривс што мисли дека се случува кога ќе умреме.
Актерот размисли, па одговори: „Знам дека ќе им недостасуваме на оние кои нè сакаат”.
Инаку, познатиот актер доживеа губиток на блиски луѓе во својот живот.
Неговиот татко го оставил кога имал само три години, и честопати се преселувал со своето семејство и сменил дури четири средни училишта. Во тоа време страдал од дислексија.
Во 1993 година, неговиот најдобар пријател, Ривер Феникс, починал од предозирање, што силно влијаело врз Ривс. „Тој беше одличен човек и исклучителен актер. Могу добро се согласувавме, страшно ми недостига, често мислам на него”, рече тој во тоа време.
Уште една трагедија го затекна во 1998 година. Со својата тогашна девојка Џенифер Сајм, чекаа бебе, но бебето го изгубија во осмиот месец од бременоста. Ова резултираше со прекин на врската, а по една и пол година Џенифер загина во сообраќајна несреќа.
Малку е познат фактот дека Ривс е законски старател на неговата сестра, која страда од леукемија. За време на нејзината борба со болеста, актерот почна серија хуманитарни иницијативи и често донира поголеми суми за болниците и кампањи со иста цел.