Музичката програма за испраќање на старата и за пречекот на Новата 2025 година во главниот град вечерва ќе биде со македонски изведувачи.
Град Скопје го организира настанот „Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“. Новогодишниот концерт ќе почне во 19.30 часот со настап на Сара Мејс. Од 20.30 часот ќе настапи групата „Љубојна“, а потоа и „Ареа“, од 22 часот, како и „Нокаут“ од 23.30 часот.
Под мотото „Скопска новогодишна приказна“, дочек организира и Општина Кисела Вода, на платото пред спортската сала „Расадник“.
На концертот, кој ќе почне во 20 часот, ќе настапат „Куку Леле“ „ДНК“, Врчак и Влатко Лозановски. Водител на вечерта ќе биде Игор Џамбазов кој и ќе настапи со „Гуру Харе бенд“.