Професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која пееше придружни вокали во групата „ДНК“ е меѓу жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од Сара се простуваат голем број музичари со кои таа соработуваше години нанзад.
Ана и Сара беа заедно на бина секогаш и секаде, но за жал Сара не успеа да им избега на пламените јазици.
Сара Пројковска пред помалку од четири години го изгуби поранешен својот сопруг, кој исто така беше музичар.
Станува збор за Александар Николовски, џез музичар и професор по труба, кој почина кон крајот на декември 2021 година, на 48-годишна возраст, по кратко боледување.
Сара, која како самохрана мајка се грижеше за нивните две деца, во јавноста беше позната како придружен вокал не само на ДНК, туку и на други популарни бендови.
Двете деца на Пројковска останаа без единствениот родител по незапамтената трагедија која ја погоди Македонија.
Оова е сметката на ќерката на Сара, која денеска се споделува по социјалните мрежи. Ве молиме, помогнете!