Компанијата „Гугл“ на крајот од 2018 година направи анализа што било најмногу пребарувано на нејзината интернет страница.
Резултатите покажаа дека луѓето ширум светот масовно пребарувале вести за трагедиите во светот, како што се смртта на Ентони Борден, Кејт Спејд и уште неколку други познати личности, но честопати барале и информации за свадбата на принцот Хари и актерката Меган Маркл, како и за Светското првенство во фудбал.
Еве најмногу што било „гуглано” во 2018 година:
10. Кејт Спејд (55)
Познатата дизајнерка беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њујорк. Таа, како што утврди истрагата, се обесила на 5 јуни оваа година, а телото го пронајде нејзината куќна помошничка. Таа беше позната по дизајнирање чанти, накит и женска облека. Популарност особено и донесоа брендовите Кејт Спајд Њујорк и Франсис Валентине.
9. Стивен Хокинг (76)
Познатиот физичар и еден од најголемите научници на сите времиња почина на 14 март оваа година во неговиот дом во Кембриџ. Хокинг даде голем придонес во разбирањето на црните дупки и вселената. Покрај научната работа, тој ги инспирираше луѓето и со одбивањето да и се предаде на тешката болест – (АЛС) Амиотрофична латерална склероза.
8.XXXTentacion (21)
Дваесет и едно годишнииот пејач беше убиен на 18 јуни оваа година пред изложбен салон за мотори на Флорида. Непознати напаѓачи го застрелале раперот во неговиот автомобил. Тој од мал, како што самиот призна, бил насилен. На крајот на 2015 година тој беше обвинет за кражба, упад на имот, грабеж и нанесување тешки телесни повреди.
7.Ентони Бордејн (61)
Светски познатиот готвач, писател и диригент беше пронајден мртов на 8 јуни во хотелска соба во Франција. Тој изврши самоубиство. Бордејн на посебен начин ја претставуваше кујната од различни делови на светот. Преку неговите емисии и книги ја истражуваше човечката природа и ги поучуваше гледачите поинаку да гледаат на храната, патувањата и на себеси.
6.Меган Маркл (36)
Познатата актерка се омажи за британскиот принц Хари и така ја доби титулата Војвотката на Сасекс. Нејзината мајка е Афроамериканка, а нејзиниот татко е белец. Таа претходно беше во брак со продуцентот Тревор Енгелсен, а исто така снимаше и експлицитни сцени во филмовите, за што многумина и забележуваат. Сето ова, сепак, не му пречеше на принцот Хари да се ожени со неа.
5.Филмот Црн пантер (2018)
Првиот филм со Афроамериканец во улога на суперхерој беше еден од најгледаните оваа година. До март, Црниот пантер стана најголем суперхеројски филм на сите времиња во домашно кино.
4.Стен Ли (95)
Американскиот сценарист и поранешен претседател и директор на „Марвел Комикс” почина во ноември. Тој е творец на најпознатите цртани херои како Спајдермен, Црн пантер, Халк, Икс-мен и Одмаздници. Тој, исто така, се појави и во сите филмови на Марвел.
3.Мек Милер (27)
Мек Милер, рапер и долгогодишното момче на поп-ѕвезда Аријана Гранде почина на почетокот на септември во неговата куќа во Беверли Хилс. Се предозирал со комбинација на неколку видови на опојни супстанци, меѓу кои фентанил и кокаин, како и алкохол. Истрагата потврди дека се работи за несреќен случај, а не за самоубиство, како што се зборуваше.
2.Авичи (28)
Еден од најпопуларните ди-џеи денес, беше пронајден мртов на 20-ти април во Оман. Според информациите на медиумите, тој извршил самоубиство. Тој беше пионер на современото електронско движење и еден од ретките ди-џеи кој настапи ширум светот. Беше неизоставен дел од проектите на ди-џеи продуценти како што се Дејвид Гета, Калвин Харис и Свидиш хаус мафија.
1.Светско првенство во фудбал
Најголемиот фудбалски натпревар оваа година најмногу се пребарувал на Гугл. Во јуни оваа година, тимови од 32 земји се натпреваруваа во Русија за најдобар фудбалски тим во светот. На крајот, Франција беше најдобрата. Сето тоа влијаеше на фактот дека најмногу луѓе на планетата „гуглале“ информации за овој настан.