Вера Ванг, 74-годишна модна дизајнерка, објави нови фотографии на Инстаграм на кои позира во костим за капење покрај базен, а обожавателите се во екстаза. „Времето застана за тебе“, „Како е можно да изгледаш вака?“,ѝ пишуваат.

Познатата дизајнерка, родена во 1949 година, стана вирална сензација на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед кој им пркоси на возраста. „Те молам, Боже, во следниот живот да се родам како Вера Ванг“, „Воопшто не старееш“, „Инспирација“, „Убава и преубава“, се дел од коментарите на фановите.

Ванг ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед во интервју за BBC 100 Women минатата година. Покрај тоа што верува дека „добриот сон вреди злато“, на крајот од денот се почестува со коктел од вотка, што го смета за магичен еликсир.

„Во модата сум од 19. Никогаш не сум размислувала за својот изглед, веројатно затоа што работам со најубавите жени на светот секој ден. Ги сметам за мои музи и можеби тоа е добар начин да се справам со стареењето. Затоа отсекогаш велев дека тајната е во коктел со вотка“, изјавила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Wang (@verawang)