Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се обрати пред американските конгресмени, што беше првпат во историјата еден грчки лидер да одржи говор во Конгресот на САД.
Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор.
„Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации отколку од заканите на арогантни деспоти“, рече грчкиот премиер.
Цитирајќи ги претседателите Реган и Линколн, тој рече дека „демократијата не е повеќе од генерација подалеку од изумирање” и дека работата на демократијата останува „недовршена”.
„Нашите демократии се под закана од сирените на популистите кои нудат лесни решенија на комплицирани проблеми“, рече тој.
Додаде дека нивните гласови се слушнати делумно поради нееднаквата заработувачка и улогата што социјалните медиуми ја имаат во поларизацијата на општеството.
„Општествата треба да се реформираат“, порача тој во својот говор пред американскиот Конгрес.
Сенаторите и членовите на Претставничкиот дом повеќе пати го прекинуваа со овации, додека премиерот ги допираше и темите како руската агресија во Украина и трансатлансткото сојузништво на НАТО