Кратко по драматичното обраќање до јавноста, проф. д-р. Крешимир Павелиќ разрешен е од фукцијата декан на Медицинскиот факултет во Пула. Тоа го потврдил за Глас Истре. Срекќо Сладољев, хрватски имунолог, но и познат анти ваксер, вели:
„Четириесет години го познавам колегата Павелиќ како сериозен, одмерен и пред сè внимателен човек кој знае што зборува. Ако Крешо решил да го направи овој чекор, тогаш знајте дека „навистина гори“ И јас би го сторил истото на негово место. Еве што рече тој:
Д-р Крешимир Павелиќ, сега екс декан на Медицинскиот факултет во Пула, во видео обраќање кое денеска е симнато од Ју туб:
„На ден 15.06.2021. година 20,8 отсто од светската популација примиле најмалку една доза вакцини кои добиле лиценца за итна помош за цели на вакцинација или вкупно 2,4 милијарди дози.
Сепак, податоците за несаканите последици се страшни. Pfizer сам призна над 220.000 компликации, најмногу кај населението од 18 до 64 години. Само европскиот систем за контрола на лекови на ден 08.05.2021. споменува 10.000 смртни случаи и над 400.000 штетни последици. Вкупно, во првите 4 месеци од администрирањето, повеќе луѓе починале од вакцините против Ковид отколку од сите други вакцини од 1990 година до денес. Ова треба да биде причина за укинување на сите вакцинации сами по себе, а нивните застапници да се изнесат пред правдата!
Израелскиот вонреден Ковид совет побара забрана за вакцинирање на лица под 30 години поради драматичен број на жртви, а исто така и поради значителното зголемување на пациентите ПОСЛЕ кампањата за вакцинација. Употребата на вакцината не е јасна затоа што податоците се лажни, а последиците се драматични со долга листа на различни болести. Функционерка во СЗО јавно зборуваше, велејќи дека СЗО е високо корумпирана и одлуките немаат врска со науката. Се што не е во согласност со нивните препораки е цензурирано. Маските немаат позитивна цел, прават само штета, а вакцините придонесуваат за ширење на вирусот и нови мутации.
Од друга страна, природниот имунитет е доволно силен и траен кај повеќето од популацијата преку долговечни крвни клетки кои чуваат имунолошки записи за да може организмот брзо да реагира на нова можна инфекција и тогаш кога практично не постојат антитела во крвта. Студија од Кливленд потврдува дека вакцинираните продолжуваат да страдаат во иста мера како оние невакцинирани, така што вакцината е бескорисна. Дополнително, mRNA не останува во мускулот на раката каде што е аплицирна вакцината, туку се шири низ целото тело и ја поминува мозочната бариера овозможувајќи штетниот „спајк протеин“ да навлезе во местата на телото каде предизвикува сериозни последици по здравјето.
Се најавува третиот бран и истиот е поврзан со вакцинацијата. Луѓето кои биле вакцинирани не смеат да даруваат крв бидејќи опасниот „спајк протеин“ може да се пренесе кај примателот. Од се погоре, заклучокот е дека тенденција на занемарување на природниот имунитет и нагласување на вакцинацијата за издавање на „зелен пасош“ е катастрофална. Тоа е апсурдно и потребно е Владата и кризниот штаб веднаш да ја сменат таа одлука.“
Ова е тврдењето на Павелиќ. Ништо ново. Вакви тврдења има многу. Веројатно ќе поминеше без толку гуѓва, доколку Павелиќ не беше сменет експресно и доколку не му беше цензурирано обраќањето. После овие две реакции (смената и цензурата) сега многу повеќе луѓе ќе веруваат во тоа што докторот го кажува. Но, очигледно влегуваме во фаза каде се повеќе луѓе ќе мислат дека западните вакцини (Павелиќ главно зборува за mNRA вакцините) навистина не се безбедни, кога веќе на сите начини се прават обиди спротивните мислења да се цензурираат. Но, ако вакцините се безбедни, тоа е потребно да се наметне низ дебата, а не низ цензура. Тоа го правеше комунизмот, со години успев аше да ги убеди луѓето кои живееја во него дека е најдобар систем, ана крајот сепак, се рападна како кула од карти.