Утре од девет часот без вода ќе бидат две улици во населбата Ченто.
Од ЈП Водовод добиено е известување дека поради поврзување на стара водоводна мрежа Ф-110мм на нова водоводна мрежа Ф-150мм на ул. Антон Велков и ул. Никола Карев во Ченто без водоснабдување од 9:00 часот ќе останат корисниците на истите улици, соопшти РЦУК-Скопје