Докажано е дека кај старите здравје на бубрезите е од витално значење за здравјето на коските, бидејќи бубрезите ги филтрираат токсините, поради кои коските, како што старееме, заслабнуваат.
Но, освен здравјето на коските во подоцнежното животно доба, бубрезите се клучни за целокупното здравје на луѓето.

Не ја сфаќајте грижита за здравјето на бубрезите лесно. Тие се меѓу најважните органи во човечкиот организам. А некои од секојдневните навики, кои ни се чинат целосно банални, можат да му наштетат на нашето здравје.

1. Не го празните мочниот меур на време

Некогаш ви се случува едноставно да морате да бидете трпеливи, пред да ги извршите физиолошките потреби, но тоа не е добро да се прави долго и често. Ако тоа го правите секој ден, секако престанете да трпите, бидејќи тоа му штети на здравјето на вашите бубрези.

2. Не пиете доволно вода

Вашите бубрези, како и другите органи, имаат потреба од доволно вода. Недостатокот на вода може да доведе до слаб проток на крвта во бубрезите, пто ќе оневозможи на бубрезите да ги исфрлат штетните материи преку урината.

3. Јадете премногу сол

Консумирањето премногу сол, може да му наштети на целиот организам, а не само на бубрезите. Меѓутоа, токму поради тоа што најголемата количина сол оди во бубрезите, се случува тие да бидат најизложени од таа нездрава навика. Премногу сол во телото ја зголемува активноста на бубрезите што може да доведе до дехидрација и недостаток на вода во телото, која е неопходна за правилно функционирање на целиот организам.

4. Премногу протеини

Протеините се неопходни за нашиот организам. Оние кои се активно се занимаваат со спорт, кои активно работат на зголемување на мускулната маса, се особено запознаени со тоа. Сепак, со претерувањето со протеини негативно ќе влијае на здравјето на бубрезите.

5. Премногу алкохол и цигари

Алкохолот и цигарите немаат корист за здравјето на луѓето. Како што му штетат на целиот организам, им штетат и на бубрезите. Можат да доведат до слаб проток на крвта во бубрезите, што може да го блокира исфрлањето на токсини – за што се  задолжени бубрезите.

6. Премногу кофеин

Иако здравјето има одредена корист од кофеинот, тој треба да се ограничи со внесување на максимум 3 кафиња на ден за да се задржи здравјето на бубрезите.


Седум знаци дека бубрезите не работат

1. Отечени зглобови, стапала, лице

Акумулација на течност во телото е јасен показател дека нешто не е во ред со вашите бубрези, бидејќи тие се главните филтратори. Оток на одредени делови од телото (зглобовите, нозете, рацете, лицето …) може да укажува на проблеми со бубрезите.

2. Промени во урината

Треба да обрнете внимание на промените во урината во однос на зачестено мокрење, бојата и слично. Производството на урина е една од главните задачи на бубрезите, па логично е дека промените во урината укажуваат на промени во бубрезите. Некои од промените, кои можете да ги забележите, а  кои сигнализираат можните проблеми се:

болно мокрење,
траги од крв во урината,
мокрењето станува ретко,
се будите неколку пати во текот на ноќта.

3. Гадење и повраќање

Тоа укажува дека бубрезите не ги исфрлаат сите штетни материи од телото како што треба. Тогаш вашиот организам наоѓа начин да ги исфрли токсините и тоа често – со повраќање.

4. Чувствувате претеран умор

На секој му се случува да е уморен и нерасположен, и покрај доволната количина на спиење. Сепак, заморот понекогаш може да биде предизвикан од недостаток на еритропоетин, хормон кој се лачи во бубрезите. Затоа, ако имате недостаток на овој хормон, почесто и поинтензивно ќе бидете уморни, а тоа покажува дека нешто со вашите бубрези не е во ред.

5. Анемија

И анемијата е поврзана со недостаток на еритропоетин, бидејќи овој хормон е клучен за производство на црвени крвни клетки. Затоа, ако сте анемични, проверете ги бубрезите.

6. Исип и чешање

Кога штетните супстанции не излегуваат преку урината, туку се задржуваат во телото, тоа може да резултира со промени кои ќе бидат видливи и на површината на кожата. Затоа, и таа појава, за која често мислиме дека ќе помине сама од себе, може да биде еден од првите знаци за тревога, кога е во прашање здравјето на бубрезите.

7. Лош вкус во устата

Ако бубрезите не ги филтрираат и отстранат токсините, тие ќе се акумулираат во вашето тело. Ова може да предизвика вкус на метал во вашата уста, како и лош здив. Исто така, може да ви се случи вашата добро позната храна повеќе да го нема истиот вкус.