Хобит Хемфри и Џејк Ингланд-Џонс не се вообичаена млада родителска двојка. Поточно, тие ги замолуваат своите пријатели и семејството да му се обраќаат на нивното дете со „тоа“.
Тие сакаат нивното дете само да одлучи за својот пол кога ќе биде доволно возрасно.
Детето се вика Ануш и го облекуваат и како машко и како женско. Единствената личност која знае каков пол е детето е бабата, која дознала при менување пелена. Ова се случило кога бебето имало 11 месеци.
Хобит Хемфри и Џејк Ингланд-Џонс велат дека не сакаат на бебето да му го откријат полот на за да го заштитат од несвесена полова и родова пристрасност. Родителите објаснуваат дека детето ќе одлучи само за својот пол кога ќе порасне.
Тие исто така сметаат дека ова е единствениот начин луѓето да престанат да го третираатнивното дете врз основа на полот.