Меланија Трамп (48), на комеморацијата за жртвите во терористичкиот напад на 11-ти септември во 2001-ва година во Пенсилванија, кадешто што присуствуваше заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трамп, се одлучи за фустан во темно-сина боја, со потпис на Херв Пјер.
Меланија, соодветно на приликата, се одлучи за едноставен стил, без накит и со пуштена коса, а своите омилени чевли ги искомбинира во согласност со фустанот, па така целата беше облечена во темно-сина нијанса.
Фустанот има едноставен крој, а совршен облик ѝ дава појасот, кој го врзала на левата страна. Првата дама на САД и нејзиниот сопруг присуствуваа на откривање на нов споменик на жртвите во авионот, кој таму се сруши.