Јули беше најтоплиот месец откако се мери просечната температура на Земјата.

Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти денеска дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според нив, тоа е дел од влошување на трендот поврзан со климатските промени.

„Јули е генерално најтоплиот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на одделот.

Температурниот рекорд во јули е 0,02 степени над претходниот, измерен во 2016 година  и повторен во 2019 година и 2020.

Статистиката се води веќе 142 години.