Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил не ја изгубил надежта дека неговиот тим може да заврши во првите 4 во Англија.
Сепак, Озил е свесен дека ситуацијата повеќе не е во рацете на неговиот тим.
– Треба да се надеваме дека Челзи ќе изгубат поени, а ние ќе победиме во натпреварот против Брајтон. Ако тоа се случи, ние ќе се вратиме меѓу четирите најдобри екипи и ќе направиме се за да се зацврстиме таму. Судбината на Арсенал е во рацете на Челзи, сакаме да се доближиме до најдобрите, а Лигата на шампионите може да ни ја даде таа шанса, рече Озил.
Тој додаде дека пласманот во ЛШ е многу важен не само за него, туку и за целиот клуб. Тој неможеше да даде објаснување за лошите резултати во последните дуели.
– Не можеме да си објасниме што се случи во последните средби. Направивме се што е можно за да се искачиме во табелата, но во последните три натпревари нашиот план не функционираше. Загубивме многу поени, тоа се случува во фудбалот. Најважно е да останеме сплотени и да бидеме расположени позитивно, истакна уште Месут Озил.