ПАЦИЕНТ СО КОВИД-19: Маж на 69 години во Охајо починал по лекарската интервенција поради тричасовна агонија од ерекција

/ 09.03.2021

Неименуван маж од Охајо во САД имал тешка клиничка клика на коронавирус, а потоа истата била проследена со ерекција која лекарите на крај морале да ја прекинат вадејќи крв од пенисот со игла.

Мажот на возраст од 69 години, кој во болница бил сместен поради компликации од коронавирус, починал по тричасовна агонија и болки предизвикани од тричасовни ерекција.

Овој случај целосно ги шокирал лекарите кои со неверување тврдат дека такви компликации од Ковид-19 не виделе. Тие признаваат дека не знаат ваквата појава со што да ја поврзат. Пациентот бил есента примен во болница. По 10 дневно лекување неговата состојба нагло се влошила и белите дробови почнале да откажуваат.

Медицинарите 12 часа го држеле во лежечка положба со лицето надолу, што е техника која му помагала да дојде до воздух. Кога подоцна го свртеле на грб, сестрите ја забележале ерекцијата,

Докторите, кои за случајот пишувале во магазинот The American Journal of American Medicine, веруваат дека пациентот кој го лекувале од ковидот добил згрутчувања на крвта во пенисот. Поради тоа на пациентот на пенисот му ставале студени облоги за да го намалат отокот, но вкочанетоста се задржала дури три часа. На крај докторите морале со игла да испуштат крв од пенисот. Пациентот починал биејќи на крај му откажале белите дробови.


Од истата категорија