Пациентот од Охрид заразен со коронавирус е во добра општа состојба, а сите лица меѓу кои се движел се контактирани, информира денеска заменик-министерот за здравство, Аслани.

Според Аслани, во однос на овој случај се преземени соодветни мерки. Службите работат и на почитувањето на самоизолацијата.

 

-Се постапува согласно информациите кои пристигнуваат до епидемиолошките служби. До овој момент ги имаме сите информации на располагање и преземени се сите мерки од аспект на тоа како да се постапува во конректниот случај во согласнот со епидемиолошкиоте проценки. Во контакт сме и со локалниот центар за јавно здравје, како и со Институтот за јавно здравје, напомена заменик-министерот на заедничката прес-конференција со министерот Филипче во Владата, одговорајќи на новинарски прашања.