Косовскиот шеф на дипломатијата Беџет Пацоли, денес е мултимилионер и еден од најголемите акционери на групата Мабекекс од Лугано, Швајцарија. Роден е во 1951 година во селото Маревце, во близина на Приштина, а во светот заминал како млад човек, барјќи работа во Австрија и Германија.

На 17-годишна возраст, тој отишол во Хамбург со неговиот вујко, каде што некое време живеел од миење садови. Сам се школувал и во 1970 година се запишал на надворешна трговија, а по дипломирањето се вратил да служи во ЈНА како примерен гардист на Тито.

За време на формирањето на ОВК, Пацоли важел за нејзин најголем финансиер, а се говори дека не штедел кога на одредени островски држави требал да им даде финансиско охрабрување да ја признаат независноста на Косово. Наводно, тој плаќал со пари, но и со компјутери и техника.

Како и секој моќен и богат човек, и тој не е имун на убави жени. Многумина не знаат дека една од нив била Ана Окса. Станува збор за италијанска пејачка со специфичен глас, која се уште важи за ѕвезда во Италија, и без која не можел да помине ниту еден фестивал во Сан Ремо.