Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли изјави дека не верува оти колумбиската пејачка Шакира ќе дојде на Косово и бесплатно да настапи на отворањето на мост на Ибар, но е подготвен за таа прилика да и го понуди својот приватен авион.

Во интервју за косовски медиуми тој рече дека не верува дека ќе има концерт бидејќи „сето тоа многу чини“, но изрази подготвеност за соработка со донатори за да се обезбеди нејзино доаѓање на Косово.

– Патувањето нема да биде голем проблем, како што и за пејачката Рита Ора ( и Дуа Липа) бев подготвен да понудам патување со приватниот авион, нагласи Пацоли.

Градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири најави дека е можно Шакира да настапиу на отворање на мостот на Ибар, бидејќи и упатена официјална покана и се очекува одговор од нејзиниот менаџмент.