Индустриското производство во периодот јануари – август 2024 година е намалено за 3,6 отсто во споредба со јануари – август 2023 година.
Според Државниот завод за статистика, индустриското производство бележи намалување и во август 2024 година во однос на август 2023 година, за 1,6 проценти.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи опаѓање од 18.4 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.6 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на мебел и Поправка и инсталирање на машини и опрема, наведува Заводот.
Според главните индустриски групи, производството во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 34.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 14.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %.