Погрешните економски политики на Владата предводена од СДСМ веќе ги чувствуваат производствените капацитети во Република Македонија, реагираат од Комисија за економија на ВМРО–ДПМНЕ.
-Имено, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во ноември забележало пад од 2,1отсто на годишна основа. Најголем пад од 12 отсто во ноември 2019 година забележува рударството и вадењето на камен кај сите три категории. Преработувачката индустрија забележува минимален раст од 0,7 отсто, при што, повеќе од половина од индустриските гранки забележуваат пад, додека истовремено, производството на електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележа двоцифрен пад, стои во Фејсбук објавата на Комисија за економија на ВМРО–ДПМНЕ.
Дополнително, се забележува континуиран пад на бројот на работниците во индустријата. Имено, во ноември 2019 година бројот на работници во индустријата се намалил за 2.8 отсто, велат од комисијата.
-Неповолните резултати во индустријата во последните два месеци од година гледано низ призмата на индексот на индустриско производство и бројот на работници наговестува забавување на економскиот раст во четвриот квартал од 2019 година, потенцираат од комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.