Жан ДРВОШАНОВ
Денеска падна елката на плоштадот во Струмица.
За среќа нема особени штети и повреди.
СДС во Струмица се распаѓа.
Советот на Општина Струмица му го одзеде мандатот на еден од своите советници. Веројатно толку бил заинтересиран за наводната успешна политика на ,,Европска Струмица”.
Вчера разбравме дека 25 годишна бизнисменка од Струмица благодарение на “донаторски дружби” со помош на донација од “општествено одговорни фирми “ реши еден од актуелните проблеми на општина Струмица.
Му помогна на својот брат Градоначалникот на Струмица да не се измачува веќе со застојот на патот кон Дабиље и да ја спаси Европската идеја за Струмица.
За неколку часа асфалтирање на обиколницата пред Дабиље, граѓаните чекаа со месеци и ги уништија своите автомобили .
Граѓаните барат одговор но и одговорност зошто досега не се асфалтираше овој пат? Како може да се почне ваков проект без расчистени имотно правни односи ! Зошто не се направи прво алтернативниот пат, а отпосле да се започне работата на делницата Струмица-Дабиље?
И наместо да се извини за ваквите сомнителни работи, за неумешноста и некадарноста во водењето на работите во Општина Струмица Градоначалникот Костадинов уште и се фали.
Како што тргнала работата веројатно настанот со елката денеска ја опиша состојбата со СДС во Струмица и Македонија.