Овој Божик многумина Американци ќе откријат дека подарокот под елката ќе ги одведе до одамна изгубен роднина или податоци за мигрантите претци. Некои сепак ќе откријат и тоа дали нивниот татко е биолошки или не.
Имено, продажбата на пакети за ДНК тестирање расте во САД додека во исто време жителите истражуваат свои корени во рекорден број.
– Дефинитивно имаше изненадувања, вели Флора Бертнан која на сопругот му подарила еден таков пакет што може да се порача преку интернет за помалку од 100 долари.
Пакетот содржи пластична епрувета за плунка која се враќа по пошта до лабораторија, а резултатите се на располагање по околу еден месец.