Пакистан го повлече својот амбасадор од Њу Делхи, Сохаил Махмуд на консултации по ескалацијата на тензиите со нуклеарниот сосед Индија.
– Го повикавме нашиот висок комесар од Индија на консултации. Утрово тој го напушти Њу Делхи. напиша на Твитер портпаролот Мохамед Фајсал.
Индија минатата недела го повлече својот амбасадор од Пакистан по самоубиствениот напад врз воен конвој во Кашмир кога бомбаш самоубиец со автомобил во кој имало експлозив удрил во автобус што пренесувал војници при што загинаа повеќе од 40 луѓе.
Во Њу Делхи тврдат дека Пакистан е вмешан во тој напад, додека Исламабад демантира.
Четворица индиски војници загинаа во денешниот оружан судир со терористите кои се борат против индиската управа во Кашмир од 1989 година.
Во судирот се повредени еден војник и еден цивил, кој се случува откако во четвртокот бомбаш-самоубиец со автомобил се втурна во индиски полициски конвој, при што загинаа 44 полицајци.