При експлозија на бомба во исламско верско училиште во Пешавар, северозападен Пакистан, загинаа најмалку седум ученици, а повредени се 112 лица.
Експлозијата се случи за време на час во медресата Џамија Зибаири.
Нападот се случи по неколку месеци релативен мир во Пакистан и посебно во Пешавар. Екстремистичкото насилство е значително намалено во Пакистан по воените операции во племенските зони, кои граничат со Авганистан.
При напад на пакистанскитеталибанци врз училиште во Пешавар во декември 2014 година загинаа повеќе од 150 луѓе,од кои поголемиот број деца.