Осум патници загинаа денеска, а неколкумина се сметаат за исчезнати кога мал дрвен чамец потона во Пакистан поради преоптоварување.
Пакистанската полиција соопшти дека чамецот, поради преоптовареност, се наведнал на едната страна, се наполнил со вода и потонал во реката Сутлеј,, во близина на градот Дибалпур.
Локалните медиуми соопштуваат дека повеќето од 35 патници, се враќале од еден погреб. Спасени се 10 патници и во тек е потрага по исчезнатите.
Ваквите несреќи се вообичаени во Пакистан, каде дрвени чамци често се користат за превоз на стока и луѓе, а повеќето немаат соодветни елеци за спасување.