Пакистанските власти се подготвени да го ослободат индискиот заробен војник по вчерашното соборување на воениот авион. Тоа го изјави денеска министерот за надворешни работи на Пакистан со што даде прв знак за обид за деескалација на тензиите меѓу двете нуклеарни сили.

– Ние сме подготвени да го ослободиме индискиот пилот, ако тоа помогне за намалување на тензиите, изјави Шах Махмуд Куреши.

Тој додаде дека пакистанскиот премиер Имрах Кан е подготвен за разговор со индискиот колега Наренда Моди за смирување на ситуацијата.