Пакистанските вооружени сили соопштија денеска дека привеле двајца индиски воени пилоти откако беа соборени два авиона над пакистанскиот дел од спорниот регион Кашмир.
На прес конференција портпаролот на армијата, мајор Асиф Гафур изјави дека едниот пилот е ранет, и се лекува во болница, додека другиот е во притвор.
Тој не кажа дали двата пилота ќе бидат вратени во Индија.
-Пакистанските ВВС нанесоа шест удари врз цели во индискиот дел од Кашмир. Тие не се преземени како одмазда за индиските удари туку за да се покажат можностите на Пакистан за реакција, изјави Гафур.
– Не сакаме конфронтација, не сакаме ескалација на конфликт, не сакаме војна, нагласи тој. На брифингот тој покажа оружје и документи за идентификација на индиските пилоти.