Автобус со 15 патници денеска беше затрупан со кал и камења од одрон во северниот дел на Пакистан.
Спасувачки екипи во моментов се обидуваат да извлечат евентуални преживеани, јавија локалните медиуми.
Официјалниот претставник на локалната полиција Вакил Кан изјави дека автобусот на планинскиот пат од градот Равалпинди до градот Скарду паднал во ров и веднаш исчезнал во тони кал и камења. Тој оцени дека шансите некој од патниците да ја преживее оваа катастрофа се многу мали.