Во пакистанската провинција Балуџистан при вооружен напад загинаа најмалку 11 работници во рудник за јаглен, а тројца беа повредени, соопштија локалните власти.
Непознати лица вчера го нападнале рудникот и отвориле оган врз работниците.
Повредените веднаш биле префрлени в болница, но засега не е позната нивната здравствена состојба.
Истрагата е во тек и досега никој нема преземено одговорност за инцидентот.