Палестинските милитантни групи од Појасот Газа денеска со посредство на Египет се согласија на прекин на огнот со Израел.
Хамас и неколку помали милитантни групи, во заедничко соопштение, најавија прекин на огнот.
Договорот ќе стави крај на судирите помеѓу Израел и Хамас, што започнаа уште од 2014 година.
Условите на договорот се уште не се познати, а нема ниту коментар од Израел.