Љупчо Палевски- Палчо, активистот и претседател на движењето „Трета“, вечерва во Алфа телевизија во емисијата ан Љупчо Цветановски „Што не е јасно“, истакна дека зад нападот кој што му се случи, во кој беше брутално нападнат и претепан стои власта, односно Заев и Мијалков кои ги обвини јавно дека стојат зад нападот.
-Тие беа наркомани, дилери, со мали скутери кои разнесуваат дрога низ градот, за грам –два. Очигледно дека подземјето работи со власта, со политичката елита која бара вакви услуги од време на време, така што не само што ги обвинувам јавно, точно знам кои се, тоа се господинот Заев и Мијалков, вели Љупчо Палевски – Палчо.
Палевски говорејќи за напаѓачите вели дека биле двајца напаѓачи од кој еден со пендрак на извлекување. Тој му нанел 4 удари, а другиот напаѓач бил со боксирач и му нанел 8 удари.
Палевски исто така истакна дека причини за нападот од страна на посочените нарачатели има повеќе, од аферата „Атлантик“, во која тој ги изнел доказите дека е злоупотребена целата правна процедура, дека се прислушкувани активисти на „Бојкотирам“ за по секоја цена да се протне името зад оној референдум кој не успеа.
-Со настаните од 27 април, тоа е истата онаа истрага, не е затворена, туку во истата се надоврзани сите активисти од „Бојкотирам“ и истрагата од 27-ми си ја продолжиле со тоа што не прогласиле за терористи и македонски екстремисти и јас сум идеолошки инспиратор за атентат врз Зоран Заев, така стои во истрагата штоја спроведува тогашната УБК, истакна Палевски.
Палевски рече дека тотална измислица е тоа што е дел од обвинението дека тој бил инспиратор на можен атентат на Зоран Заев кој требало да се изврши во болницата 8-ми Септември за да може некој судија да потпише налог за следење.
„Јас барав од обвинителката Вилма Русковска која го работеше 27-ми да ме викне барем на информативен разговор за тоа зошто и како јас тоа сум планирал да убијам премиер на една држава, што е најсериозно кривично дело, но тоа не се случи еве поминаа два месеци, но се случи ова“, рече Палевски.