Верувам во мудроста на македонските граѓани и убеден сум дека тие ќе знаат да ја донесат вистинската одлука на претстојниот референдум, рече американскиот заменик-државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер на денешната средба со заменик-министерот за надворешни работи на Македонија Андреј Жерновски во Дубровник.
Палмер и Жерновски имаа средба на маргините на меѓународната конференција „Дубровник форум“ на која, како што соопшти МНР, заеднички бил заклучокот дека референдумот е историски настан во кој граѓаните треба целосно да се вклучат.
Жерновски имаше средба и со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Биле разменети мислења за актуелните настани во двете земји.