Информација која прозвучи како гром од ведро небо беше дека Памела Андерсон (52) се омажи по петти пат. Секс бомбата се ожени 20 јануари, во Малибу за филмскиот продуцент Џон Питер (74).
Ова и не е некое изненадување. Памела и Џон се забавуваа пред 30 години, а на годишнината од нивното запознавање се венчаа.
– Тие припаѓаат заедно. Прекрасна холивудска романса – изјави извор близок на парот.
Џон Питер го продуцираше филмот „Ѕвездата е родена“, и верзијата од 70-тите години со Барбара Стрејсенд и Крис Кристофорсон, како и оваа помодерна, со Лејди Гага и Бредли Купер
Памела пред бракот со Џон, беше во врска со францускиот фудбалер Адил Рами (43).