Памела Андерсон и продуцентот Џон Петерс се разделија откако беа во брак 12 дена.
Холивуд репортер, кој прв ја објави веста за тајната свадба на Памела и Џон, сега објави приказна за нивниот прекин.
„Ќе ви бидеме многу благодарни за вашата поддршка, бидејќи се разделуваме за да процениме што сакаме од животот и еден од друг“, вели Памела.
„Животот е патување, а љубовта е процес“, рече таа, заблагодарувајќи им се на сите што ја почитуваат нивната приватност.
Андерсон (52) и Питерс (74) се во брак од 20 јануари 2020 година.
“Таа го познаваше Џон, но никогаш не живееше со него. И додека не живеете со некого … Да речеме Памела бараше пауза. Таа се враќа во Канада за да биде со семејството”, изјави извор близок до парот за Фокс њуз.
И Памела и Џон се во брак четири пати пред овој.