Поранешната македонска фудбалска ѕвезда Дарко Панчев, во интервју за Би-Би-Си за Србија, направи непримерна па дури и навредлива споредба меѓу двата најпопуларни спортови во Македонија, меѓу фудбалот и ракометот.
– Да споредувате фудбал со ракомет е исто како да споредувате професор во средно образование со Ајнштајн. Па, кој гледа ракомет во Европа? Сепак, титулите на Вардар донесоа голема радост во Македонија. Нашиот народ е желен за спорт, сигурен сум дека ако играме финале на Светско првенство во куглање и тогаш цела сала ќе биде полна. Но, кога сте виделе децата во училишните дворови да играат ракомет. Денес не играат ништо, можеби понекогаш кошарка или фудбал, рече Панчев, интервјуто што го пренесе порталот „Гол.мк.