Владимир ПАНЧЕВСКИ, кандидат за државен јавен обвинител

Најнова вест е дека за мене како кандидат кој наводно јавно беше “дисквалификуван” од “компромитирана членка” на Советот на јавни обвинители Марјана Илиоска, е дека од Совето на јавни обвинители сега се излезени документите на кандидатите за државен ЈО и патуваат кон Владата.
Во нив, за среќа, не постои официјално ниту негативно, ниту позитивно мислење за мојата кандидатура! Тоа законски значи, СЕ УШТЕ сум во трка за ДЈО!

Сега од Владата зависи се!

Владата по добивање на сите кандидатури има сериозна законска обврска да ја земе предвид и мојата кандидатура, а ако нема мислење да побара од Советот од кои причини сум “дисквалификуван”. Ако има негативно мислење “за немање стаж” е должна да ги спореди документите.

Така вели Законот.
Имено, согласно член 64 став 5 од Законот за јавно обвинителство:
“(5) Ако Советот на јавни обвинители на Република … Македониа од оправдани причини во рокот од ставот (3) на овој член не достави мислење до Владата на Република … Македонија, рокот од ставот (3) на овој член се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители на Република … Македонија не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.”