Владимир ПАНЧЕВСКИ, екс претседател на Кривичниот суд во Скопје

Замина во заборав, за кратко никој нема да го памети!
Ќе рече: Поднесов оставка бидејки постапката за мое разрешување е политичка одлука, а самиот и служеше на политиката и политикантски го водеше Јавното обвинителство додворувајки им се на криминалците сокриени зад политички и јавни функции, ги штитеше и не дозволи да профункционира правната држава, им овозможи на стотици функционери на СДС и ДУИ да им застарат делата, го потона Јавното обвинителство како уставна категорија, орган кој едно време имаше углед, знаење и достоинство!
Две години беше на функција ништо не остави зад себе, освен тоа што ја измачи државата и граѓаните со тоа во кое се колнеш денес, докажа и покажа како е да си политикант измеќар, трошка нема од чесност и достоинство, правната држава за која зборуваш дека била непочитувана беше во твои раце, можеше многу ама излезе мало човече – кукла во рацете на политиката!
Ти Љупчо Коцевски, но и твојот претходник Љубомир Јовевски треба дебело да одговарате, сигурен сум дека ќе одговарате за сите злодела врз македонскиот правен систем! Тогаш да ви ја видам крената главата!




