Владимир ПАНЧЕВСКИ, екс претседател на Кривичниот суд во Скопје

Интересно инфо добив денес од еден пријател, замислете Мустафа Хајрулаху кадарот на ДУИ во обвинителството, оној разрешениот обвинител на Вишото обвинителство што плачеше по сите телевизии и поткасти дека Коцевски и советот на Јавни обвинители го разрешуваат поради предметот за бонусите на СЈО, е всушност човек со протрчана кариера од околу 6-7 години од скопското обвинителство каде работеше на кривични дела од областа на сообраќајот и ништо повеќе, искуство нула (0). Сега наведениот ни помалку ни повеќе СЕ АМБИЦИРАЛ ЗА РЕПУБЛИЧКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ!!!

За него поранешниот Републички обвинител, покојниот Марко Зврлевски (мој добар пријател) ќе кажеше: “го фативме, се налепил на ПИМ мерки зема 500 евра од странка за сообраќајка (нели онаква слична како онаа во која загина Фросина)”. Еден друг пак мој пријател кој има свој бизнис со цигари и пури, во една прилика се чудеше како тој “обвинител” дошол во неговиот дуќан и купил пури за ќеш, од ни помалку ни повеќе 4000 евра, па вика од каде му се париве скромен имот има пријавено. Е тој таквиот зад кого има уште еден куп слични афери (што ќе бидат споделени) сега гостува по телевизии и плаче како го суспендирале и му водат постапка! Ама демек постапката била за мобинг. 🤣🤣🤣 Не, штипското обвинителство го гони за сериозно кривично дело Злоупотреба на службена должност кон пет службенички во Вишо обвинителство Скопје и местење на предмети!!!

Тој кутриот СЕ АМБИЦИРАЛ ДА БИДЕ РЕПУБЛИЧКИ ОБВИНИТЕЛ, по разрешувањето на јадниот Коцевски!

Кога истражував за него открив дека кариерата ја должи на ДУИ и една одметната бандитска групација од Чаир, но и на Коле Штерјев оној што си ја вработи ќерката во ЕЛЕМ кај бегалецот Васко Ковачевски -Колбасо во замена за негова обвинителска заштита. Но во чаршијата се збори дека често во минатото бил гледан и со покојниот Малиќи нели кадарот на Зоран Заев 🤣.
Правосудството дефинитивно се уште го нема допрено дното, ама како тргнало со пиарот што му го прават порталчиња и медиуми, ако го изберат
е тоа тогаш ќе биде погребот на државата!!!
ДА НЕ БИДЕ НЕ СУМ КАЖАЛ!
Нека трепка ова за до после избори!
Прочитајте – информирајте се