Влаидмир ПАНЧЕВСКИ, екс претседател на Кривичмниот суд, Скопје
“Обвинителот Коцевски имаше шанса но не ја искористи”
Прво редовното обвинителството не им чинеше па под притисок и “пржински договори” го донесоа СЈО кое се покажа како најкорумпирана институција во целата историја на Македонија!
Потоа СДС и ДУИ бараа свое редовно обвинителство за да ја силуваат Македонија и нејзините граѓани и за да го сменат уставното име на државата го инсталираа Јовески (кој патем кога го полнеа Уставниот суд со политички кадри се амбицираше и за уУставен судија) инсталираа и свои луѓе во сите структури и инстанци на правосудството. Од Јовевски со години под прогон беа сите кои ја чувствуваа Македонија за своја татковина и свој дом, многумина изминатите години беа по затвори зошто беа неподобни и им пречеа, многу и се иселија поради недоверба во системот и немање на правна сигурност …
Потоа редовното обвинителство на Јовески одеднаш им стана по мерка откако сите го видовме фијаското и криминалите на СЈО, ама тој ги вгради кадрите на СЈО длабоко во обвинителството поставувајки ги на високи позиции да го креираат прогонот против граѓаните и политичките противници…
Странците и амбасадите не убедуваа дека корупцијата ни е само наша перцепција…
По Јовески дојде Коцевски инсталиран од Мала Речица со поддршка на СДС, кој го засили прогонот и сега заедно со таквите инсталации се бори против Владата и правосудните реформи се прикажуваат како притисок врз ваквите политички инсталации! Но тој Коцевски иако со изгласана интерпелација сеуште го вози “болидот на смртта” држејки ја државата во заложништво заради спас на штетниците на Македонија.
Во оваа приказна деновиве и Стразбур укажува на многу злоупотреби и политички прогони, во кои учествуваа многу како Јовевски, Коцевски, Кацарска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и слични на нив јавно експонирани. Кацарска сега и како уставна судијка пркоси на пензионерите како загрозена категорија, а Стразбур ја прозива за политички прогон.
Обвинителството и судството го проби дното, во целата рашомонијада поддршка им даваат и инсталациите од “правните партиски комисии” во Судскиот совет кој во поголем дел е со изгласана недоверба.
За кратко ќе ги видиме и инсталациите и политички слуги во Советот на Јавни обвинители кои ќе се обидат да го заштитат, тие и овие претходно споменативе се сите заедно и обединети, не се даваат, се координираат и пркосат!
Сите се виновни за криминал само обвинителите и политичките слуги во правосудството не се виновни за ништо, тие се тешко некрофилско здружение кое живее на маката на граѓаните на оваа држава и чукна часот кога ќе треба да се соочат со правдата и да одговараат!
Дури и во предметот за најголемата трагедија во Македонија се опфатени градоначалници и сопственици на фирми, инспектори и контролори на УЈП и полициски службеници за дејствија од пред многу години, но не е опфатен ниту еден обвинител, кој нели бил должен да открива и гони криминал!
Сега слушам на Гаврил му истекувал мандатот за шеф во скопското обвинителство па се амбицирал за уште еден мандат, а Фатиме наводно се договорила со структури во Влен па ќе конкурирала за шеф во Вишо обвинителство Скопје! Со вакви кадри животот е ужас без крај!
ДО КОГА, ВРЕМЕ Е …




